Трипуновски со апел да им се исплатат субвенциите на тутунарите

1.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трипуновски со апел да им се исплатат субвенциите на тутунарите

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во објава на Фејсбук апелира земјоделците да бидат приоритет при носење на одлуките на Владата во време на пандемија, укажувајќи дека над 19.000 тутунари ги чекаат субвенциите по предаден килограм тутун и дека тие треба да им се исплатат веднаш.

-Апелирам земјоделците да се стават како приорите при носење на одлуките на Владата во овие тешки времиња на криза и светска пандемија. Над 19.000 тутунари во Република Македонија ги чекаат субвенциите по предаден килограм тутун.
Тутунарите кои едвај го продадоа својот тутун сега си ги чекаат заслужените субвенции, тоа се пари кои насушно им се потребни во овој период на криза, како би можеле нормално да функционираат и да ја продолжат својата дејност.
Власта не смее да крати од земјоделецот, од народот. Наместо кратење на субвенициите, нека скрати од луксузите. Наместо градење и поправка на згради парите мора да завршат кај земјоделецот. Во овие тешки времиња инвестицијата во луѓето, а не во материјалните добра е суштинска.
Грижата за земјоделците е грижа за земјата, за татковината. Да се грижиме за земјоделците, бидејќи се грижиме за Македонија.

Субвенциите за предаден килограм тутун да се исплатат веднаш, стои во неговиот пост на Фејсбук.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата