(Видео) Славески: Мерките на владата се конфузни и задоцнети

1.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Славески: Мерките на владата се конфузни и задоцнети

Поранешниот министер за економија и професор, Трајко Славески смета дека предложените мерки на владата поради кризата со епидемијата на коронавирусот, треба да се преиспитаат со цел да се намали ударот врз граѓаните и стопанството. Тие, според него, се недоречени и конфузни.

„Колку претпријатија и вработени ќе ги задоволат поставените услови и критериуми за користење на мерката поддршка во износ на минималната плата?

Нашите проценки се дека бројот на лица што ќе имаат можност да ја користат оваа мерка ќе биде многу мал. Истата нема да можат да ја користат фимите и вработените во најпогодените сектори каде помошта на државата е најпотребна.Тоа се дејностите за сервисни услги со храна и сместување (секторот уготителство и туризам), каде според последните податоци од Државниот завод за статистика се ангажирани околу 33.000 вработени. Кон ова треба да се придодадат големиот број на вработени во трговијата кои моментално не работат. Исто така во мерките не видовме помош и поддршка на самовработните и занаетчиите. Тие се соочуваат со големи проблеми и ставаат клуч на врата.

Владата предлага поддршка на претпријатијата од приватниот сектор за исплата на плати почнувајќи од април, кои во џебовите на граѓаните треба да стигнат во текот на првата половина од мај, додека економската криза предизвикана од ширењето на новиот корона вирус наголемо ја пустоши македонската економија. Во моментов десетици, ако не и стотици илјади граѓани се загрижени дали ќе имаат средства за живот во април, затоа што илјадници компании престанаа со работа.

Како што е познато нашиот предлог е субвенциите за исплата на плати кај погодените од кризата сектори, во висина од 50% од бруто плата или 70 до 80% од нето платата, да се покриваат од државниот буџет уште со исплатата на мартовската плата. Роковите за исплата на платите за март веќе течат. Денеска сме 1 април, а 15 април е крајниот законски рок.

Препорачуваме да се направи итна прераспределба на средствата во државниот буџет. Повеќе средства за здравството, а помалку за непродуктивни трошења. Секоја институција во јавниот сектор поединечно да направи кратење на непродуктивните средства по конта и тие јавно да ги објави со цел потврдување (или не) на искрените намери на оваа влада во насока на заштеди во буџетот. Ова да го направат и Акционерските друштва во целосна државна сопственост и јавните претпријатија на централно и локално ниво. Препорачуваме забрзување во извршување на капитални проекти за кои е обезбедено финансирање, а со цел да се зголеми економската активност“ порача Славески.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата