АНЃУШЕВ ДОНИРА КРЕВЕТИ ОД “БРАКО“ за болницата “Св.Наум Охридски“

1.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
АНЃУШЕВ ДОНИРА КРЕВЕТИ ОД “БРАКО“ за болницата “Св.Наум Охридски“

Шест соби од одделот за абдоменална хирургија во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје ќе се опремат со болничка опрема и медицински мебел во висина од 1,5 милиони денари, односно 24.390 евра.

Мебелот е од домашно производство, ќе се изработува во компанијата “Брако“ во Велес.

Директорот на Болницата, д-р Љубен Арсенков потврди дека станува збор за лична донација од бизнисменот Кочо Анѓушев.

Станува збор за оддел што е во целост изолиран од останата клиника и со посебен влез и лифт и е неодамна реновиран, но поради финансиската ограниченост на клиниката не бил соодветно опремен.

Клучната компанија околу која се вртат бизнисите на Анѓушев е „Феро Инвест“ во која тој е ко-сопственик заедно со неговиот брат Тодор Анѓушев и со Никола Гравчев. „Феро Инвест“ е ко-сопсвеник во машинската индустрија “Брако“ заедно со велешката фирма „Тргофер“.

„Феро Инвест“ во 2018 година остварил приход од 3,1 милиони евра и профит од 1,3 милиони евра. Оваа компанија е веројатно најголемиот ко-сопственик на мали хидроелектрани во земјава. Таа е ко-сопственик на 8 компании кои управуваат со мали хидроелектрични централи кои во 2018 оствариле вкупен приход од 3,7 милиони евра и имаат кумулативна добивка од 316.000 евра (само една од нив годината ја завршила со загуба од работењето).

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата