Фактор.бг: АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ПОЧИНАЛ ОД КОРОНАВИРУС, моштите му се во Самоиловата тврдина

1.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фактор.бг: АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ПОЧИНАЛ ОД КОРОНАВИРУС, моштите му се во Самоиловата тврдина

Раководителот на истражувањата на Самоиловата тврдина ми кажа дека ги нашол моштите на Александар Велики и утврдено е дека владетелот умрел од Ковид-19.

Ова за Фокус го изјави археологот, проф. Николај Овчаров, во врска со информациите за постоење на вирусот Ковид-19 со илјадници години, откриен при истражувањата на Самоиловата тврдина во Македонија во текот на 2002 година, пренесува Фактор.бг.

-Кога ми го соопштија тоа, јас му ѕвонев на мојот пријател Паско Кузман, кој долги години раководеше со ископувањата во Самоиловата тврдина и кој таму има многу интересни откритија. Сега нешто што тој не го соопштил за медиумите и го крие, но јас ќе го кажам во негово име. Тој таму го нашол и гробот на Александар Велики, што го барал целиот свој живот. По биолошкото истражување на коските, што е направено, се покажува дека Александар умрел од корона вирус – вели уште археологот.

Според него, тоа е големо откритие, што му го соопштил неговиот пријател Паско Кузман.

На прашањето дали вирусот во 2002 година се појавил повеќе од коските, отколку од монетата како што порано беше соопштено, професорот Овчаров изјави дека тоа се уште не може да се каже.

-Во секој случај, епидемија имало и мистериозната смрт, која не се знаеше од што е, всушност е од корона вирус – дополни проф. Николај Овчаров.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата