Нејзината мајка е МЕДИЦИНСКА СЕСТРА: Јелена Томашевиќ со порака на социјалните мрежи

1.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нејзината мајка е МЕДИЦИНСКА СЕСТРА: Јелена Томашевиќ со порака на социјалните мрежи

Српската пејачка Јелена Томашевиќ се огласи на социјалните мрежи и изнесе детали за приватниот живот кои никој не ги знаеше досега.

Томашевиќ открила дека нејзината мајка по струка е медицинска сестра, па упатила силна порака.

Мојата мама Снежана е медицинска сестра во Клиничкиот центар Крагујевац. Нејзината професија значи да води сметка за другите луѓе, но и надвор од болницата таа целиот свој живот безрезервно им помага на сите околу себе и на оние кои ги познава и на оние кои не ги познава. Нејзиното срце е големо како космосот и горда сум што токму таа ми е мајка. Вечерва во 20 часот одам повторно со своето семејство да им оддадам чест на здравствените работници со ракоплескање, на нашите вистински херои и на својата мајка која е мој херој,  напишала Јелена.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата