Во Србија 900 заразени, во големата сала во Белград има и 10-годишно дете

1.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Србија 900 заразени, во големата сала во Белград има и 10-годишно дете

Бројот на заразени од Ковид-19 во Србија се искачи на 900 лица, информираа здравствените власти.

Досега 23 лица починале од коронавирус во соседната земја, а дури 155 новозаразени се потврдени вчера.

Некои од пациентите се веќе сместени во голема сала на Белградскиот саем, која досега служеше за организирање на големи спортски и музички настани. Како што пренесува „Блиц“, во салата е сместен и 10-годишен пациент, кој не сакал да биде одвоен од неговата мајка.

Деновиве во Србија кружат лажни СМС-пораки кои најавуваат 24-часовен полициски час, но властите веќе предупредија дека ќе ги санкционираат оние што шират паника.

Промени има и во работното време на продавниците за храна во Србија. Во работните денови, тие се отворени до 15 часот, а за време на викендите до 13 часот.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата