Град Скопје домаќин на вториот светски конгрес на претприемачи

22.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Град Скопје домаќин на вториот светски конгрес на претприемачи

По повод Вториот Светски конгрес на претприемачи кој ќе се одржи во Скопје, во втората половина на месец октомври, 2019 година, делегацијата на Светскиот конгрес на претприемачи оствари средба со раководителот на Секторот за локален економски развој, Марко Тодоров и со советничката во Советот на Град Скопје, Билјана Секуловска Габер.

Делегацијата беше предводена од генералниот секретар на конгресот и претседател на управниот одбор на Меѓународниот економски форум „Перспективи”, Винко Ќуро, а на средбата се утврдуваа насоките и целите за организација на конгресот, кој е под покровителство на Владата на Република Северна Македонија.

– Ни претставува чест и задоволство Градот Скопје да биде домаќин на Вториот светски конгрес на претприемачи. Развивањето и поттикнувањето на претприемачкиот дух кај граѓаните е од огромно значење за развојот на локалната економија. Благодарни сме на Владата што цени дека локалната власт треба да биде вклучена во организацијата на конгресот – рече Тодоров на средбата.

Градоначалникот Петре Шилегов ќе земе активно учество на светскиот конгрес, во својство на потпретседател на организацискиот комитет.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата