Компаниите во Кина го обновија производството

31.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Компаниите во Кина го обновија производството

До 28 март, 98,6 проценти од најголемите кинески индустриски претпријатија го продолжија производството, што претставува зголемување од 15,5 процентни поени од 23 февруари, соопшти претсавник на кинеското Министерство за индустрија и информации, Ксин Губин.
        
Тој рече дека компаниите во најголемите кинески индустриски провинции повторно работат со полна пареа. Губин рече дека во Хубеи, епицентарот на епидемијата во Кина, 95 проценти од најголемите индустриски компании продолжиле со работењето и 70 проценти од вработените се вратиле на работа.
        

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата