ДЕТАЛИ за смртта на мажот од Битола кој почина во самоизолација

31.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДЕТАЛИ за смртта на мажот од Битола кој почина во самоизолација

66-годишниот битолчанец кој бил во самоизолација, а беше пронајден починат во текот на вчерашниот ден во стан на улицата „Димче Лахчански“ во Битола, всушност две недели бил сам во самоизолација, и тоа откако се вратил од Англија каде што се наоѓа неговото најблиско семејство. Со роднините во земјава се слушнал претходниот ден, а била побарана полициска асистенција за да се отвори станот откако во текот на вчерашниот ден не им се јавувал на повиците. Штом било влезено во станот било пронајдено неговото тело.

Од СВР Битола само потврдуваат дека кај нив бил пријавен случај на починато лице на улицата „Димче Лахчански“, излезено е на местото на настанот и направен е увид. Причината за смртта засега се уште не е позната, но се третира како потенцијален заболен од коронавирус во овие околности.

Соседите, пак, во паника велат дека вчера всушност му бил последниот ден во изолација. Тој, според нив, често излегувал на балконот, каде последен пат го виделе во неделата. Резултатите од брисот кој бил земен посмртно се очекуваат во текот на денешниот ден.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата