Кина ги опреми македонските полицајци: ПРИЈАТЕЛОТ ВО НЕВОЛЈА Е ПОБЛИЗОК ОД БРАТ!

31.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кина ги опреми македонските полицајци: ПРИЈАТЕЛОТ ВО НЕВОЛЈА Е ПОБЛИЗОК ОД БРАТ!

Со големо задоволство сакам да ја информирам јавноста дека денес, а во рамки на повеќедецениската и извонредно добра билатерална соработка со кинеската полиција, a на мое претходно барање и оствараната комуникација, преку амбасадата на НР Кина во Скопје добивме донација во медицинско-хигиенски материјали наменети за заштита на нашите вработени кои што како што е познато заедно со здравствените работници се на првата линија во справувањето со актуелната епидемиолошка состојба предизвикана од т.н. корона вирус “Ковид 19“.

Овој денешен чин е уште еден показател за важноста и значението на поддршката и пред се солидарноста меѓу државите особено кога се во прашање закани кои што имаат не национални ами глобални импликации, и чии што последици моѓат да бидат стравини, доколку не се реагира соодветно, благовремено и бескомпромисно.

Сакам во оваа прилика, во свое и во име на Министерството за внатрешни работи да им се заблагодарам на нашите пријатели од НР Кина за оваа хумана и за нас потребна донација со надеж дека и во периодот што претстои ке можеме да се потпреме едни на други во насока на глобално надминување на оваа пандемија, напиша на својот Фејсбук-профил министерорт Чулев.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата