Ма каква корона! Се враќа Премиер лига, одреден е, и датум и продолжение и крај на сезона

31.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ма каква корона! Се враќа Премиер лига, одреден е, и датум и продолжение и крај на сезона

Навивачите одушевени

Премиер лигата дефинитивно ќе заврши на терен, но без публика на трибини.

Елитата на Англиските клубови и челниците на Премиер лига направиле план, само се очекува да добијат одобрување од водечките луѓе на државата, од јавното здраство и здружение на фудбалери.

За предлогот ќе се расправа во петок, но како што се дознава, поголемиот дел се сезоната да продолжи и тоа во првата недела на мај.

Причината е секако огромните пари од ТВ правата, три милијарди евра вреден договор, далеку најголем од сите лиги, а клубовите би требале да платат пенали од околу 750 милиони фунти што би бил голем удар за повеќето. Поради тоа мора да се игра, а како би им олесниле на играчите и спречат да се игра секој три дена, клубовите сметаат максимално да ја растегнеат сезоната.

Краен рок спрема договор е16 . јули, а лигата би се завршила 4 дена порано. Телевизијата ги притиска клубовите што побрзо да се изјаснат и донесат одлука бидејќи оние кои пренесуваат утакмици трпат загуба, им откажуваат претпата.

Ако продолжи сезоната во првата половина на мај ќе има доволно време некои утакмици да се одложат, ако играчи од некои клубови закачат вирус и самите клубови бидат принудени на одложување.

Без пари од ТВ правата, тешко ќе им биде на помалите клубови на ПЛ да исплатат плати, нема да има ништо од награда за прво место на табела, шампионот добива околу 60 милиони фунти, фењераш три пати помалку. Парите повеќе нема да се делат рамноправно туку зависи од табелата, со што големите клубови ќе загубат повеќе пари, а тие имаат и поголеми приходи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата