Можеби сте прележале КОРОНА, а не сте ни свесни! 8 јасни симптоми дека сте биле заразени

31.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Можеби сте прележале КОРОНА, а не сте ни свесни! 8 јасни симптоми дека сте биле заразени

Ако сте имале некои од овие симптоми, можеби веќе сте го прележале овој вирус на нозе. Стручњаците наведуваат дека постои можност некои лица да го прележале корона вирусот и пред епидемијата официјално да почне. Доколку сте имале поблага форма, веројатно, успешно сами сте се избориле со овој вирус, пишува Дејли меил. 

Истражувањето спроведено на универзитетот Оксфорд покажало дека постојат осум јасни знаци кои укажуваат на тоа: 

Инфекција на очите

Инфекцијатана очите како што е конјуктивитисот може да е симптом на ковид 19. 

„Познато е дека која било инфекција на горниот респираторен тракт може да резултира со вирален конјукнтивитис како секундарна компликација, што е случај и кај ковид 19“, велат научниците. Сепак, додаваат дека е малку веројатно заразената личност да има конјуктивитис како единствен симптом, туку веројатно би се јавил заедно со треска и сува кашлица.

Сува кашлица

Еден од најчестите и најпрепознатливите симптоми.

​​​Ментален умор

Иако не е официјално препознато како симптом, некои заразаени пациенти го пријавиле.

Температута

Освен сува кашлица и ова е најчест показател.

​​​​​​​Тешкотии во дишењето 

Чувствството на притисок во градите и неможноста длабоко да вдишете, исто така, се јавуваат како симптоми.

​​​​​​​Губитокот на сетилата за вкус и мирис

Неодамна се предупреди дека ова може да е симптом за ковид 19. 

Стомачни проблеми

Се покажало дека од 204 заразаени кои учествувале во студијата, 48,5 отсто ова го пријавиле како симптом. 

​​​​​​​Физички умор

Уште еден симптом кој се јавува и при настинка, вируси...

Здравиот организам со силен имунитет е во состојба сам да се избори со поблагата форма на овој вирус, а да не ни забележите дека сте го имале. Сепак, неопходно е да се држите до сите мерки за заштита и самоизолација.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата