Ројтерс открива: ОВА Е ПЛАНОТ КАКО ВУЧИЌ ЌЕ ОБЕЗБЕДИ 5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА СРБИЈА

30.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ројтерс открива: ОВА Е ПЛАНОТ КАКО ВУЧИЌ ЌЕ ОБЕЗБЕДИ 5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА СРБИЈА

Новинската агенција Ројтерс денес објави како ќе се рализира големиот план со мерки за закрепнување на српската економија во време на пандемијата и потоа што го објави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Агенцијата известува дека Вучиќ рекол дека Србија планира да понуди околу пет милијарди евра заеми и субвенции за да им помогне на граѓаните и деловните активности погодени од коронавирусот, како и да обезбеди донација за сите 5 милиони полнолетни граѓани на Србија кои би добиле подарок од државата по 100 евра.

Ројтерс проценува дека ваквата програма за закрепнување ќе го зголеми дефицитот оваа година, истакнувајќи дека дефицитот ќе биде покриен од финансиските резерви и преку заемите. Агенцијата наведува, без да го прецизира изворот, дека девизните резерви на Србија во февруари биле 13,458 милијарди евра, а еден месец порано од 13.694 милијарди евра.

Ројтерс исто така пишува дека стручната рејтинг агенција Fitch Ratings го реафирмирала кредитниот рејтинг на Србија ББ + минатата недела со стабилен изглед за натамошно подобрување, и покрај кризата со корона вирусот.

Ројтерс, исто така, проценува дека српската економија нема да го достигне превидениот економски раст од 4 проценти за 2020 година и ќе се соочи со рецесија, но сепак економскот раст ќе биде позитивен и наведува дека Вучиќ изјавил дека Србија треба да закрепне во 2021 година.

Агенцијата наведува дека од локалните банки се очекува да уќествуваат во големиот план со околу две милијарди евра во фондот за да помогнат во закрепнувањето, за што државата би обезбедила уште 1,25 милијарди евра гаранции, додека српскиот фонд за развој треба да додаде уште 200 милијарди милиони евра.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата