ФИЛИПЧЕ ПО ТРЕТ ПАТ: Пикот на коронавирусот го очекуваме ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ!

30.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ФИЛИПЧЕ ПО ТРЕТ ПАТ: Пикот на коронавирусот го очекуваме ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ!

Пикот на коронавирусот во државава го очекуваме за еден месец, на крајот на април. Тоа се проценките на епидемиолозите согласно типот на раст на број на пациенти, но и согласно мерките што беа воведени во изминатиот период, пред се во рестрикциите на движење, во ограничувањето на социјалните контакти, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека досега спроведените мерки се сосема доволни и дека полицискиот час, целосното ограничување на движењето, ограничувањето на движењето на повозрасните лица на возраст над 67 години и нивното немешање со лицата на возраст до 18 години е нешто што очекуваат да даде резултат.

Искрено се надеваме дека овие мерки практично ќе дадат резултат во смисла на тоа и во периодот што следи да немаме експоненцијално зголемување на бројот на пациенти, туку линеарно и после понатаму тој број да се намалува, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата.

Инаку денешната изјава на Филипче дека пикот ќе биде за еден месец е негова трета по ред. Првпат ваква изјава даде 17-ти март, за истото да го повтори на 22-ри и денес.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата