Пауза на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања беше дадена кога пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, дека им се заканаувал со каменот.
Во еден момент додека зборуваше Павле Богоевски, пратеничката Ане Лашкоска почна да вика дека Мисовски ѝ се заканувал на пратеничката Магдалена Манаскова покажувајќи ѝ го каменот.
Мисовски тврдеше дека од почеток на седницата стои каменот како потсетник за 27 април. Негира дека се заканувал, вели дека тоа е каменот со кој го удирале него насилниците на 27 април.
Пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ продолжија да довикуваат како го внел каменот, по што Богоевски ја прекина седницата десет минути за да се смири атмосферата.
На дневен ред е одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски.