Еве колку средства треба да издвои Владата за да го исполни ветувањето на Заев

29.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еве колку средства треба да издвои Владата за да го исполни ветувањето на Заев

Еве колку Владата треба да издвои средства за да го исполни ветувањето на Заев дека Македонија ќе биде земја со најголем износ на средства по глава на жител во регионот наменети за борба со економската криза предизвикана од корона пандемијата, велат од Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.

Не само што таква поддршка за економија и помош за граѓаните нема да се случат, туку Заев и неговата неспособна Влада веќе најави сериозно кратење на платите на вработените во јавниот сектор што ќе предизвика дополнително дестимулирање и на така намалената домашна потрошувачка. Тоа наместо да помогне, дополнително ќе го отежни процесот на економско опоравување на земјата. Да не зборуваме за евентуалната поддршка на погодените фирми и вработените во нив кои безуспешно молат за помош од државата, се вели во нивното соопштение.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата