Пласидо Доминго поради лоша состојба префрлен е во Болница: Борбата на оперската ѕвезда против корона продолжува

29.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пласидо Доминго поради лоша состојба префрлен е во Болница: Борбата на оперската ѕвезда против корона продолжува

Пласидо Доминго, (79) оперска ѕвезда, поради лоша здравствена состојба префрлен е во болница, две недели после првите симптоми на корона вирус.

Како што пишуваат странски медиуми, пејачот ќе лежи во една приватна болница во Акапулко се додека за тоа биде потребно.

За сега, како што се наведува, тој е под постојан надзор на лекари.

Инаку, Пласидо минатата недела обелоденил на Фејсбук дека заболел од корона, со што се одлучил на самоизолација заедно со членовите на семејството.

- Чуствувам дека ми е должност да соопштам, мојот тест покажл дека сум позитивен на корона вирус. Моето семејство и јас сме во самоизолација и ќе останеме онолку колку што ќе биде потребно. Моментално сите се чуствуваме добро. Почустуствув симптоми карактеристични за корона вирус, температура и кашлица, и одлучив да се тестирам, односно бев позитивен – порачал тој пред една недела на оваа социјална мрежа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата