Моника е девојката пронајдена во Волково

22.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Моника е девојката пронајдена во Волково

Дваесет и деветгодишната скопјанка Моника Ѓ. е пронајдена мртва.

Од полицијата велат дека телото на девојката е забележано утрово околу 9.50 часот на нива во близина на последната автобуска постојка во селото Волково.

– На нејзиното тело не се забележани видливи траги од насилство. Телото е предадено за обдукција поради утврдување на причините за смртта. – велат од МВР.

-На 22 февруари 2019 година во 9:50  часот било пријавено дека има починато женско лице во нива што се наоѓа во непосредна близина на последната автобуска постојка во село Волково, информира портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Тој потврди дека на местото излегле полициски службеници и било констатирано дека се работи за лицето М.Ѓ (29) од Скопје, а смрт без видлвии траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата