Трчав по станот и јаукав, а потоа прекин на филмот! Ѓорѓе Давид ги открива првите симптоми на корона, каде се заразил и кој се е заразен

29.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трчав по станот и јаукав, а потоа прекин на филмот! Ѓорѓе Давид ги открива првите симптоми на корона, каде се заразил и кој се е заразен

Трчав по станот и јаукав, а потоа прекин на филмот! Ѓорѓе Давид ги открива првите симптоми на корона, каде се заразил и кој се е заразен

Пејачот Ѓорѓе Давид е позитивен на корона вирус, и моментално се лекува на пумологија во Клинички центар. Ѓорѓе Давид открива каде се заразил, со кого се бил, но и какви се симптомите.

“Го вртам филмот каде се заразив, кој е тој кој ми ја пренесе. Ова е сериозна работа и не треба да се зафркавате, приказната треба сериозно да се свати. Поточно се однесував примитивно, како што и многумина луѓе денес се однесуваат...

“Кашлам од јануари, а потоа направив неколку илјади километри, низ Македонија и јужна Србија, возејќи се со својата кола и контактирајќи со луѓе на начин на кој контактирав не заштитен бидејќи не влегував меѓу народ. А потоа сватив дека во тие денови бев во контакт со 500 луѓе. Кој и да ти пријде во Ниш, Врање, Македонија се сликаш. не размислуваш дека нешто може да ти се случи“, раскажува пејачот.

“Мислам дека беше 18-19 март седнав на точак и поминав 40 километри, и после 24 часа се најдов во кревет. Не ми беше добро, почна со блага вртоглавица. Ноќта 23 и 24 доживеав невидлив непријател кој ми пушта електрична енергија низ организмот. Буквално од косата на глава па до прстите на нога како струја да ми поминува низ тело. Трчав по станот и јаукав, неколку пати се туширав, ја измерив температурата 37,8 до 39. А потоа добив прекин на филмот, се разбудив попладнето со 34,9.

Понатаму Давид опишал како стигнал на инфективна, веднаш му ги снимиле плуќата и веднаш му кажале дека има сериозно запаление на плуќата.

“Ме ставија во бокс и од тој момент кога и да земев посилен здив, почнував да кашлам 2 минути а тоа распарува до папакот. Таа болка, тоа разјадување во плуќата , во средата ме префрлива на пумологија“, раскажал Давид.

“Што се однесува до моите пријатели, Горан, неговата сопруга, моите натпреварувачи во Ѕвездите на Гранд за среќа немаат никакви симптоми, Ивана Петре одамна ја помина црвената зона. Со неа се видов 3 март“, рекол Двид и им порачал на сите дека оваа болест не се лечи со ракија и лук и дека сите треба да мислат на своите најблиски и сите да останат дома.

“Мислам како јавна личност треба јавно да кажам дека сум заразен, а има и доста јавни личности кои тоа го кријат“, рекол на крај Давид.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата