ПОТРЕСНО СВЕДОШТВО за скопјанецот: Другарите го пронајдоа телото во дол

22.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПОТРЕСНО СВЕДОШТВО за скопјанецот: Другарите го пронајдоа телото во дол

Локален жител на Нерези прозборе за смртта на скопјанецот за Досие.мк.

- Додека седев на клупите дојдоа момчиња и прашуваа за автомобил и го опишаа момчето. Тие прашуваа како да се качат на височинката над тунелите овде на почетокот од Нерези. Јас им кажав и заминаа. По десетина минути потресени се вратија. Кажаа дека ја нашле неговата кола заклучена и кога го пребарале теренот го виделе телото во долот. Повикаа полиција брза помош. Но само констатираа дека е починат. Никој не знае што се случило. Телото личеше како да е истркалано од височинката и застанато меѓу дрвата пред каналот, велижителот кој сака да остане анонимен за Досие.мк.

И другите жители биле вознемирени. Сите потресени отишле дома.

На фотографијата е местото каде беше пронајден мртов скопјанецот Горан Атанасовски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата