И Маноли починал од корона вирус

29.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
И Маноли починал од корона вирус

Од инфекција со корона вирус утрово, во Солун, почина и Емануел Малелис, кај нас познат како Маноли уште од деведестите години кога во тогашниот грчки конзулат беше задолжен за визи, особено оние кои сакаа да ги набават брзо и преку ред.

Маноли е Македонец од егејско потекло, роден во околината на Лерин, женет со Македонка од Скопје и татко на две ќерки. По завршување на мандатот во грчкиот козулат останува во Скопје и продолжува да работи на функција во рафинеријата Окта која, во меѓувреме, доби грчки сопственик.

Беше дел од скопскиот социјален и политички живот, близок пријател со Павле Трајанов, поранешен министер во МВР, со поранешниот премиер Љубчо Георгиевски како и со низа јавни личности од македонската политика, новинарство и естрадата. Ја напушти Македонија по доаѓањето на СДСМ на власт, но остана во бизнис контакти со повеќе познати бизнисмени од Македонија.

Според информациите на порталот Вечер.мк Маноли се инфицирал со корона вирусот на Кипар, пред десетина дена, а првично имал лесни симптоми па се вратил дома во Солун на лекување. Но, пред четри дена состојбата му се влошила и починал. Според нашите информации со вирусот во меѓувреме се инфицирала и неговата ќерка која е на лекување.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата