ДЕТАЛИ: Откриен идентитетот и местото каде што почина 29 годишната скопјанка во Волково

22.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДЕТАЛИ: Откриен идентитетот и местото каде што почина 29 годишната скопјанка во Волково

Денеска во 9:50 часот пријавено е дека има починато женско лице во нива која се наоѓа во близина на последна автобуска постојка во село Волково, ова за КУРИР информираат од МВР.

МВР за КУРИР потврдува дека на местото откако излегла полициска служба е констатирано дека се работи за лицето М.Ѓ (29) од Скопје.

Оттаму додаваат дека смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од итната медицинска помош.

По наредба на обвинител телото е дадено на обдукција велат од МВР за КУРИР.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата