Заменети контејнерите кои вчера беа запалени во ПОЛИЦИСКИ ЧАС

29.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заменети контејнерите кои вчера беа запалени во ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, објави дека во центарот на градот се заменети контејнерите кои вчера беа запалени додека немаше никој на улиците, односно во време по отпочнувањето на забраната за движење која започна во 16.00 часот.

Контејнерите беа запалени на булеварот „Партизански одреди“ кај трговскиот центар Буњаковец спроти филијалата на Стопанска банка.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата