Семејна драма кај претседателот на Црна Гора: Ѓукановиќ доживеал тежок инфаркт

28.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Семејна драма кај претседателот на Црна Гора: Ѓукановиќ доживеал тежок инфаркт

Првиот човек на Црна Гора Мило Ѓукановиќ вчера преживеал најголема драма во својот живот!

Како што се дознава, неговиот роден брат, бизнисмен Александар Ацо Ѓукановиќ (55) имал тежок инфаркт и неговата состојба и покрак напорите на најугледни лекари од Подгорица, била многу тешка.

Поради тоа Мило по секоја цена сакал со приватен авион да го префрли на некоја од најдобрите кардиолошки клиники во странство кои работат со комплицирани зафати на срце. Како што се дознава, во опција биле некои клиники во Германијам Швајцарија па дури и Италија, но поради актуелната ситуација со епидемија на корона вирус, ниедна од тие болници не сакала да го прими Ѓукановиќ.

Спрема некои информации на братот на Мило Ѓукановиќ на крај му е вграден стент на една клинија во Подгорица.

Ацо Ѓукановиќ е сопственик на “Прва банка“ во Црна Гора, како и на бројни локали и други недвижности, а некои медиуми неодамна пишувале дека тој сакал оваа година да се пресели во Швајцарија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата