Едвај дишев, коронавирус НЕ БИ МУ ПОСАКАЛ НИ НА НАЈГОЛЕМИОТ НЕПРИЈАТЕЛ

28.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Едвај дишев, коронавирус НЕ БИ МУ ПОСАКАЛ НИ НА НАЈГОЛЕМИОТ НЕПРИЈАТЕЛ

Италијански кондициски тренер, Фаусто Русо (38) кој работел во нисколигашот Атлетико Терме Фуиџи, човек кој во животот нема користено дрога, алкохол речиси и да не пие многу, живее спортски. Според начинот на живот тој би требало да биде отпорен на вируси, но не и на коронавирусот.

Ова е неговото сведоштво за тоа како ги преживеал деновите откако го закачил опасниот вирус, кој во Италија толку силно експлодира, што преку 7.000 луѓе ги загубија животите од епидемијата на Ковид-19. За германската агенција „ДПА“ од болнички кревет, сега во многу подобра општа состојба, Русо ја опиша битката со коронавирусот. Згрижен е во болница во Латина, 70 километри југоисточно од Рим.

Сè почнало на 5 март, пред три недели кога практично за пет минути состојбата се сменила. На работа бил супер, а само што дошол дома – температура 38.

„Се јавив кај лекар и веднаш ми препиша парацетамол. Но, како што одминуваа деновите, температурата не се спушташе, а секој ден имав сè поголема потешкотија со дишењето. И така сè до саботата вечер, кога имав сериозна респираторна криза. Тогаш сфатив дека ова не е само грип. Сè ме болеше, тешко дишев…“, вели Русо.

Во неделата дошла брза помош по него, некаде околу 14 часот, а медицинскиот персонал во скафандери дошле за да го земат и да го однесат во болница.

„Види, дојдоа војниците од ‘војна на ѕвездите’ и сега татко ти ќе го претворат во суперхерој“, му рекла сопругата на Русо на својот помлад син за да го утеши, кој бил расплакан кога ги видел лекарите.

„Ова е нешто најлошо што сум го искусил во животот. Јас вакво нешто, овој Ковид-19 не му го посакувам ни на најголемиот душман“, посочува кондицискиот тренер.

Иако барем досега како малку ризични се луѓе до 39 години, а посебно тие што немаат здравствени и хронични проблеми, Русо потенцира дека вирусот не е наивен и не смее да се потцени. Вели не пијам, не пушам, спортски живот водам, но силно ме турна – Ковид-19.

„Не верувајте во тоа што ви велат, дека вирусот ги погодува само старите и ранливите категории. Точно е дека постар човек кој би имал клиничка слика како мијата со тешка пневмонија, веројатно сигурно сега немаше да биде тука и веројатно тоа е само една разлика. Сакам да кажам дека вирусот е опасен и за здравите. Јас имав силна психичка и физичка сила за да се изборам со сето ова“, додава Русо.

Во првата недела откако бил хоспитализиран, веднаш бил ставен на респиратор, зашто не можел нормално да дише, а не можел ни од кревет да стане, па имал и катетар. Откако состојбата се стабилизирала, се согласил да пробаат експериментално да го лечат со лек за артритис и состојбата му се подобрила за 60-70 отсто.

„Сега сум надвор од опасност и во фаза на закрепнување“, додава Русо. „Затоа ги молам сите да си седат дома, зашто неверојатно е како се шири вирусот. Има заразени кои не ни знаат дека се заразени“, потенцира тој.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата