УРНЕБЕСНО: ПОЛИЦИЈА ПЕСНА И ТАНЦ им заблагоради на граѓаните што седат дома (ВИДЕО)

28.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УРНЕБЕСНО: ПОЛИЦИЈА ПЕСНА И ТАНЦ им заблагоради на граѓаните што седат дома (ВИДЕО)

Откако започна пандемијата со коронавирусот сите земји препорачаа самоизолација, а голем број на граѓани живеат во страв од вирусорт.  Полицијата во Андора за да ги релаксира граѓаните кои се во самоизолација поради коронавирусот им пее „серенади“ и танцува под нивните прозори, објавија од полицијата.

Снимката од полицајците во Андора кои пеат и танцуваат на улиците со песната Baby Shark стана вирален хит.

Полицајците, според локалниот РФМ, сакале да им се заблагодарат на граѓаните што останале во нивните домови и да ги забавуваат децата кои се изолирани со нивните семејства.

Нашите службеници секогаш прават одлична работа, вредно, стручно и среќно. Помеѓу доставувањето оброци на пензионерите и обиколките низ градот, тие најдоа време за малку музика, изјави полицискиот оддел Ескалдес-Енгордани.

На 16 март Владата на Андора објави затворање на сите продавници, освен за храна и аптеките, и ги прекина сите настани и собири за да се спречи ширењето на коронавирусот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата