Гази Баба склучува договори за работа за 250 илјади евра, а Заев ќе крати плати на админситарција

27.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гази Баба склучува договори за работа за 250 илјади евра, а Заев ќе крати плати на админситарција

Воените профитери Зоран Заев и Венко Филпче си имаат своја сенка во Борче Георгиевски, ова денеска преку реакција до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Гази Баба.

Градоначалникот на општина Гази Баба ја следи политиката на неговата партија, политика на аздисаност и „ловење во матно“. Додека Социјалдемократскиот сојуз ни наговестува радикално кратење на плати и со тоа да донесе глад, неплатени сметки и задолжувања на граѓаните, нивниот Градоначалник во Општина Гази Баба одлучува да склучи договор за нови вработувања. Замислете во ова време – невреме кога се соочуваме со пандемија и е прогласена вонредна состојба, кога државната каса е пред колапс на Борче Георгиевски му требаат нови вработувања! Градоначалникот на Општина Гази Баба минатата недела склучил договор со една приватна агенција за вработувања за ангажирање на привремени работници, а сумата на склучениот договор ни помалку ни повеќе изнесува 15.000.000 денари или околу 250.000 евра! И додека проблемите во секојдевното функционирање на граѓаните од нашата општина се натрупуваат, ветените проекти на градоначалникот остануваат нереализирани, Борче Георгиевски планира да вработува партиски активисти како подготовка за предвремените избори, потенцираат од партијата.

Од таму наведуваат дека не само што  градоначалникот ги злоупотребува парите на даночните обврзници туку тој покажува нечовечко и нехумано однесување во време кога здравствените работници немаат заштитна опрема, нема респиратори за заболените од корона вирусот.  СДСМ со ваков потег се потсмева со здравствените работници.

Дефинитивно градоначалникот Георгиевски живее во розевиот свет на неговиот ментор Зоран Заев. Па наместо паушално фалење дека нешто работите, добро е на граѓаните на Општина Гази Баба на да им даде одговор следниве прашања.

Господине Георгиевски, до каде е ветената гасификација за жителите од нашата општина која беше гласно истакнувана во вашата изборна програма „Живот за сите“?

Како планирате да ја завршите во 2021 година кога до денес ја немате отпочнато?

Граѓаните од месната заедница Црешево и Стајковци прашуваат дали ќе го добијат спортско-рекреативниот центар кој го ветивте а сеуште не сте го отпочнале?

Имате обврска да им одговорите на граѓаните од урбаната заедница Автокоманда зошто во годината која изминува не им изградивте поликлиника која ја ветивтево вашата програма?

Дали е совесно да се лаже кога здравствената грижа на граѓаните е во прашање?

Мртво слово на хартија останува и ветениот трговски центар во Маџари, катната гаража во Ченто, ги изневеривте младите кои го очекуваа затворениот базен во Хиподром.

До каде е изградбата на градинките во Трубарево, Инџиково, Керамидница и Сингелиќ?

Дали знаете дека поголем дел од населените места немаат вода во вондредна состојба во Македонија заради епидемијата од корона вирусот?, прашуваат од ОК Гази Баба.

Од таму се додава дека но се разбира поудобно ви е да седите во кожната фотелја, отколку да прошетате низ Гази Баба и да ги видите реално проблемите и потребите на граѓаните.

Се согласуваме со вас дека граѓаните добро знаат да проценат кој работи во нивни интерес, а кој ги манипулира. Затоа бевте казнети од страна на граѓаните на претседателските избори во 2019 година а исто ве очекува и на предвремените парламентарни избори 2020 година. ВМРО-ДПМНЕ ветува дека после надминување на кризата со корона вирусот и превземањето на власта ќе го преиспита целокупното работењето на Борче Георгиевски. Гази Баба не заслужува ваков градоначалник!, стои во нивната реакција.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата