Ед Ширан во време на криза им дава цела плата на своите вработени и ги охрабрува да волонтираат

27.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ед Ширан во време на криза им дава цела плата на своите вработени и ги охрабрува да волонтираат

Англискиот музичар Ед Ширан (29) ќе им исплати цела плата на вработените во неговиот ресторан за време на пандемијата на коронавирусот и апелира да си најдат друга работа или да волонтираат за време на кризата.

Музичарот, чие богатство се проценува на 200 милиони фунти, ќе ги покрие целосно платите за своите десет работници во неговиот ресторан „Берти Блумс“ во Лондон.

Ширан им кажа на своите вработени дека сите ќе добијат цела плата и дека би бил среќен да волонтираат за време на кризата.

„Ед им рече на сите да не се грижат, тој ќе ги покрие нивните сметки и ќе ги види сите кога ќе помине оваа ситуација во светот и кога сè ќе се врати во нормала“, изјавил близок пријател на Ширан.

„Ед им порача на своите вработени дека ако сакаат, може да побараат друга работа за време на кризата или да ѝ помогнат на својата нација со волонтирање“, додаде изворот.

Ресторанот на Ширан е отворен во ноември 2019 година и е многу популарен кај познатите личности во Лондон.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата