УХМР распиша тендер од МИЛИОН ЕВРА за засејување облаци во ДЕНОТ НА ПРОГЛАСУВАЊЕ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА (ДОКУМЕНТИ)

27.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УХМР распиша тендер од МИЛИОН ЕВРА за засејување облаци во ДЕНОТ НА ПРОГЛАСУВАЊЕ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА (ДОКУМЕНТИ)

Управата за хидрометеоролошки работи на денот на прогласување на вонредна состојба ,18 март 2020 година распишала тендер за засејување облаци во вредност од 60.000.000 денари, односно речиси милион евра, покажуваат документите обајвени на системот на електронски јавни набавки.

По тендерската постапка, УХМР треба да се склучи договор за период од 6 (шест) месеци во кои УХМР треба да искористи авионско засејување облаци во случај на врнежи од град.

 

 

Во воведот на тендерот, напоменато е дека станува збор за “хипотезата за засејување на облакот е заснована на концепт на корисна конкуренција“. Овој поим ќе треба да го образложат експертите, дали станува збор за експериментално засејување.

 

Постапката се однесува за период од 1 мај до 31 октомври 2020 година, односно од пролет до есен. Парите се обезбедени од министерството за земјоделие програма за 2020 година) и наведено е дека фактурите ќе се плаќаат на месечно ниво, во рок од 30 дена по нивното доставување.

Добрата вест во овој тендер е што се однесува за евентуално спречување на штети по земјоделието, кое беше во првите три столба на македонската економија, заедно со индустријата и градежништвото според податоци до 2014/15 година. 

Министерката Ангеловска на 7 март 2020 година, наведе поинкави статистички податоци.

„Се забележува раст во градежништвото за 5,9%, во трговијата, транспортот и угостителството за 4,7%, кај земјоделството за 3,8% и во индустријата за 3,1%“, нагласи министерката Ангеловска. 

На 6 март 2020 година, Заводот за статистика бележи дека во 2019 година, во бруто БДП, земјоделството не е втора гранка на економијата, туку е на шесто место, се наоѓа под градежништво, трговија, информации и комуникации, стручно, научни и администратвни дејности, уметност забава и рекреација.

Затоа, се поставуваат и следниве прашања:

1. Ако парите биле предвидени во програмата на министерството за земјоделие, а се следеле сите тековни состојби и светски здравствени, економски и метеоролошки показатели, зошто УХМР објавила тендер во вредност од милион евра на денот на прогласување вонредна состојба?

2. Зошто милион евра не им се доделат како директни субвенции на земјоделците за поминување на оваа финансиска криза од светската пандемија со корона, за обезбедување земјоделско производство без застои и евентуално зголемување на посевите, бидејќи сме во вонредна сосотојба?

3. Дали милион евра се оправдан трошок за авионско засејување во вонредна состојба во климатски услови кога немавме ниту зима, а не знаеме ниту какви ќе бидат пролетта и летото?

4. Град Скопје склучи договор за набавка на камиони за приватна фирма за чистење на снег вреден 1.055.000 евра, а снег зароси во Скопје последниве три дена? Не знаеме дали ќе имаме пролет со врнежи од град.

5. Која е прогнозата за временските услови од мај до октомври? Може некој со сигурност да тврди?

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата