Поранешниот менаџер на Арсенал, Унаи Емери откри дека неговата следна работа ќе биде италијанската Серија А. Сепак, Шпанецот потврди дека е подготвен да води екипи и од сите Топ 5 лиги во Европа.

Емери е надвор од фудбалот од ноември, откако помина само 18 месеци на кормилото на „топчиите“ и не успеа да успее барем малку да го наследи Арсен Венгер кој претходно замина од „Емирати“.

Емери има искуство во Ла Лига и француска Лига 1, а веќе разговарал со неколку клубови од Италија кои се заинтресирани за него.

„Јас сум тренер веќе 16 години, па решив да направам мала пауза за да се подготвам за мојот нов проект. Тој треба да ме инспирира. Не отпишувам ниту една земја – Англија, Франција и Шпанија се земји каде што веќе работев. Никогаш не сум бил да работам во Италија. Веќе разговарав со неколку клубови во Апенините и може да се договориме за работа во Италија. Отворен сум за дискусии и ја следам Серија А“, вели Шпанецот.