Од час во час се менуваат работите во Динамо Загреб. Се чини дека вчера, денеска а посебно вечерва е супер интересно во таборот на „модрите“. Со оглед на целата ситуација околу кратење на платите, прилично шоканто одекна веста дека сменет е целиот стручен штаб освен тренерот Ненад Бјелица. Од него се чека оставка, само за да не му се исплати отпремнината, која изнесува најмалку милион евра. Вечерва во медиумите во Хрватска се напоменува дека зад целиот овој курцшлус во клубот  стои „битката“ меѓу самиот тренер Бјелица и спортскиот директор Зоран Мамиќ, брат на газдата Здравко Мамиќ кој се уште е во бегство во БиХ.

Планот на браќата Мамиќ бил, така барем се известува од Загреб, да се „откачи“ Бјелица а да се донесе Игор Јовичевиќ, тренерот на младинците на Динамо кои играа одлично во младинската лига на Шампионите оваа сезона. Тој бил „пикот“ за наследник на Бјелица на клупата на „модрите“ од Загреб.

Сепак, прво треба Бјелица да си даде оставка…