КОРОНА ВО ВЕЛЕС: Заразените имале многу контакти со други луѓе (ВИДЕО)

26.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КОРОНА ВО ВЕЛЕС: Заразените имале многу контакти со други луѓе (ВИДЕО)

Денес на пресконференција на министерот Венко Филипче беше запрашан за состојбата на коронавирусот во Велес.

На министерот му беше посочено дека во изјавите на заразените во Велес, кај епидемиолозите, кажале дека имале многу контакти, со свои роднини, пријатели, колеги како и медицински лица во градот последниве 6-7 дена.

Во една од изјавите на заразените, медицинските лица биле информирани дека лицето имало над 200 контакти со своите сограѓани и блиски лица.

Министерот Филипче побара од велешани сите кои имале минимален сомнеж за контакт со некои од заразените да се самоизолираат. И доколку покажат било какви симптоми да пријават кај матичните лекари или во Центарот за јавно здравје во Велес.

Филипче додаде дека во текот на утрешниот ден во Велес ќе дојде епидемиолог од Скопје за да направи увид и целосна анализа колкав број на луѓе имале контакт и ке постави целосен протокол за понатамошно тестирање.

Прашањето се наоѓа на 31:16 минута.

Според локалните власти, во текот на овие два дена во Велес се тестирале околу 30 лица, а во наредните денови ќе се тестираат над 200 велешани.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата