Повторно загрижувачки бројки од Италија: Починале 662 луѓе, a 6.153 нови случаи

26.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Повторно загрижувачки бројки од Италија: Починале 662 луѓе, a 6.153 нови случаи

Рим, 26 март 2020 (МИА) – Во Италија денеска се потврдени 6.153 нови случаи на заразени со коронавирусот, а 662 лица починале.

Вкупниот број на починати во земјата достигна 8.165 жртви, додека вкупниот број на заразени изнесува 80.539.

Вкупниот број на заразени во светот денеска надмина половина милион луѓе.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата