Фудбалерите на германскиот бундеслигаш Унион Берлин нема да добијат никаква месечна заработка во наредниот период само за да го спасат клубот од банкрот. Во информацијата пренесена од Ројтерс не е наведено колку долго ќе трае таквата одлука.

Фудбалерите на Унион Берлин се откажале од платите за да го спасат клубот од финансиско уништување за време на пандемијата на коронавирусот.

„Нашиот клуб е фудбалски клуб, ако нема фудбал, нашето опстојување е доведено во прашање. Работевме напорно во изминатите месеци за да дојдеме до Бундеслигата и не можеме да ги оставиме сите наши напори да заминат. Ви благодарам играчи за одличното разбирање. Ќе заштедиме многу пари, полесно ќе се надмине кризата“, рече претседателот Дирк Зинглер.

Претходно, фудбалерите на Борусија Дортмунд и Баерн прифатија намалување на платите за 20 проценти а покрај двата клуба, Лајпциг и Баер Леверкузен, со претставници на германската Лига, формираа фонд од 20 милиони евра за да им помогнат на клубовите што ќе имаат сериозни финансиски проблеми.