Голем дел од играчите на сите тимови на Барселона го одбија предлогот на првиот човек, Жосеп Мариа Бартомеу.

Поради пандемија коронавирус многу клубови се присилени да им ги намалат платите на вработените и на играчите. Каталонскиот гигант е еден од оние тимови кој им предложи на своите членови во следниот период да земаат 50% од своите примања.

Ваквата одлука наиде на негодување, оние кои одговорија негативно може да останат без примања. Законот во Шпанија вели дека во случај на пандемија или слични ситуации, клубовите имаат право да им ги намалат платите на играчите дури за 70%. Па Бартомеу својата одлука може да ја спроведе без проблем.

Во секој случај ќе видиме како ќе се одвива целата ситуација.