Четири клубови од Бундес-лигата одлучија финансиски да им помогнат на оние се најдоа во криза поради коронавирус.

Баерн, Борусија Дортмунд, Лајпциг и Леверкузен заедно ќе соберат 20 милиони евра кои ќе бидат поделени на оние кои најмногу имаат потреба од тоа.

„Со уште три германски клубови, сакаме да покренеме кампања за солидарност за сите останати тимови од Првата и Втората лига. Во овие тешки денови важно е да се поддржат најслабите. Исто така е важно да покажеме дека во фудбалот сите стоиме едни со други“, изјави Карл-Хајнц Румениге, претседателот на Баерн.