Нови 28 заболени од коронавирус во Албанија, четири се деца

26.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нови 28 заболени од коронавирус во Албанија, четири се деца

Албанското министерство за здравство соопшти дека во последните 24 часа во земјата забележани се 28 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заболени достигна 174.

Министерката Еугена Томини изјавила дека меѓу новозаболените се и четири деца, пренесе АТА. Како што додала Томини, бројот на починати во земјата изнесува шест.

Од 73 лица кои се хоспитализирани, тројца се на интензивна нега, а двајца на респиратори.

Во Тирана има 102 заболени со коронавирус.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата