Континенталната хокеарска лига (КХЛ) која е втора најсилна во светот после американската НХЛ се премисли во период од два дена околу продолжување на сезоната. Челниците на КХЛ прво рекоа дека сезоната е завршена и нема да продолжи поради ситуацијата со корона вирусот, а веќе следниот ден се премисли и информира дека сезоната може да се доигра во текот на летото, па дури и во август. Причина е што во игра се големи пари, а ако биде прекинат шампионатот ќе се изгубат многу пари, но сепак здравјето е во прв план.

Оваа одлука не е лесна. Јас сум сигурен дека сите навивачи сакаат сезоната да продолжи и да се одигра Гагарин купот (завршниот плеј-оф). Но знаејќи ја ситуацијата, здравјето на играчите и нивните најблиски и на сите вработени во клубовите е во преден план. Сега не е време за хокеј, а кога ќе се создадат услови за тоа ќе продолжиме“, изјави претседателот на лигата Алексеј Морозов.

Лигата беше суспендирана до 10 април, но како што се одвива ситуацијата сигурно нема да почне идниот месец. А поголем број на клубови покажаа желба да се доигра Гагарин купот – завршниот плеј-оф преку кој ќе биде одлучен шампионот.

КХЛ е хокеарска лига во која играат клубови од Русија, Белорусија, Казахстан, Летонија, Финска и Кина.