Не го познале градоначалникот, па сакале да го апсат зашто возел за време на полициски час

25.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Не го познале градоначалникот, па сакале да го апсат зашто возел за време на полициски час

Градоначалникот на Белград, Зоран Радојичиќ раскажал што му се случило со српската полиција додека доаѓал на гостување во емисијата „Белградска хроника“ на РТС. Открил дека полицијата го запрела неговиот автомобил за време на полицискиот час, кој е воведен како една од мерките за спречување на ширењето на коронавирусот во Србија.

Полицијата го запре моето возило затоа што го управувам за време на полицискиот час. Полицајците се збунија кога слушнаа дека сум градоначалник, но тоа веројатно е така затоа што многу ретко се појавувам во медиумите. Помислив дека ќе ме уапсат, раскажал низ смеа Радојичиќ.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата