За следната недела е најавен вонреден состанок на Сеанглискиот клуб, каде треба да се донесе конечна одлука за судбината на годинешното издание на Грен слем турнирот во Вимблдон.

Најновата изјава на организаторите јасно стави до знаење дека не е исклучена опцијата да се одржи турнирот, но без присуство на публика, опција за која многу спортови веќе најавија дека би ја користеле за завршување на сезоните.

Организаторите најавија дека работат со АТП, ВТА, ИТФ и другите Грен Слем турнири за да дојдат до оптимално решение. Подготовките за Вимблдон треба да започнат на крајот на април, до кога се откажани повеќето масовни спортски настани низ целиот свет.