Карди Би удри по познатите: ГИ ПЛАЌААТ за да кажат дека се заразени од корона

25.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Карди Би удри по познатите: ГИ ПЛАЌААТ за да кажат дека се заразени од корона

Карди Б, преку видео социјалните мрежи, фрли теорија на заговор велејќи дека познати личности кои изјавиле дека се позитивни на коронавирус лажат, а ова го прават затоа што нив ги плаќаат за да рекламираат еден вид на чај за детоксикација.

Тие се платени за да рекламираат чај за детоксикација, рече таа.

Многу познати личности се заразени од коронавирусот во последно време, вклучувајќи го Том Хенкс со неговата сопруга, Олга Куриленко и Идрис Елба.

Сите избраа да молчат освен Идрис Елба, кој ја демантираше оваа изјава.

Едноставно идејата дека на човек како што сум јас, му се плаќа за да каже дека има коронавирус е голем идиотизам. Која будалаштина. Луѓето го кажуваат тоа како вест. Глупаво е. Јас и Сабрина нема да добиваме ништо ако останеме дома и кажеме дека имаме нешто што го немаме. Не ја разбирам логиката која стои позади ова, рече Елба кој е во самоизолација со неговата  сопругата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

I said what I said

A post shared by Cardi B (@iamcardib) on

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата