Актер лажирал расистички напад за да го зголеми својот хонорар од 100 илјади долари

22.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Актер лажирал расистички напад за да го зголеми својот хонорар од 100 илјади долари

Американскиот актер Џаси Смолет, ѕвезда од серијата „Империја“ е уапсен откако полицијата утврдила дека тој исценирал расистички напад врз него, за време на кој, наводно, речиси бил линчуван со поставување на јамка околу вратот.

Смолет, кој е Афроамериканец, пред неколку недели во полицијата во Чикаго пријавил дека на улица бил претепан од двајца мажи и дека нападот бил расно мотивиран, но потоа се покажало дека актерот самиот ги ангажирал наводните напаѓачи и заедно го исценирале инцидентот – со цел да се зголеми неговиот актерски хонорар.

Агенцијата АП, повикувајќи се на лице запознаенo со ситуацијата, пренесува дека Смолет заработувал повеќе од 100.000 долари по епизода од популарната серија во продукција на „Фокс“.

„Гласот на Америка“, објави дека наводната жртва станала осомничен откако Смолет вчера наутро бил уапсен во Чикаго, под сомнение дека во полиција пријавил лажен напад.

„Смолет прво се обидел да привлече внимание со испраќање на лажно писмо, базирано на расни, хомофобични и политички навреди. Кога тоа не му успеало, тој платил 3.500 долари за лажирање на напад“, рекол полицискиот службеник од Чикаго, Еди Џонсон.

Се наведува дека Смолет со недели тврдел дека среде улица го претепале двајца мажи кои истовремено го навредувале на расна основа и наводно му ставиле јамка околу вратот.

Адвокатите на Смолет во негова одбрана рекле дека актерот, како и сите други граѓани, има право на пресумција на невиност.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата