Тројца од Радовиш не ги почитувале препораките – им се закануваат парични казни

25.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тројца од Радовиш не ги почитувале препораките – им се закануваат парични казни

Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе предлози за издавање казнен налог против три лица кои не постапиле според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Двајца од обвинетите спротивно на Одлуката на Владата за забрана и посебен режим на движење со која се забранува движење на населението од 21 до 6 часот, со „цитроен“ се движеле по булеварот Александар Македонски каде биле запрени од страна на полициски службеници на полицијата. Обвинителството му предложи на судот на обвинетите да им изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби.

Третиот обвинет откако на 18 овој месец допатувал со товарно возило од Грција – земја со среден ризик со зараза согласно Листата на Светската здравствена организација.На граничниот премин „Богородица“ бил запознаен со мерката за задолжителна самоизолација согласно одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот. На 20 март ја прекршил мерката за самоизолација и при извршена проверка од страна на полициски службеници на МВР ПС Радовиш не бил затекнат во неговиот дом. Обвинителството за овој обвинет предложи да му биде изречена парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја во висина од по 20 евра.​

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата