За време на викендите се забранува движење од 16 до 5 часот

25.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
За време на викендите се забранува движење од 16 до 5 часот

Со цел уште поголема заштита од ширењето на коронавирисот, Владата денеска донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викенд.

Како што објави техничкиот министер, Оливер Спасовски на „Фејсбук“, за време на викендот (сабота и недела) се забранува движењето на сите граѓани од 16 часот до 5 часот.

Како што посочува Спасовски, оваа мерка ќе важи заедно сите други претходно донесени забрани.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во земјава изнесува 177 лица, од кои еден е излекуван, но досега има и три смртни случаи.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата