Сите заразени од Кожно се со лесна клиничка слика

25.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сите заразени од Кожно се со лесна клиничка слика

Петмина вработтени на Клиниката за кожни болести се заразени со коронавирус. Нивната клиничка слика е лесна и засега тие се на домашното лекување, изјави министерот за здравство Венко Филипче на редовната прес-конфренција на која информираше дека денеска почина 66-годишна жена од Дебар од ковид-19. Таа е трета жртва на коронавирусот во Македонија.

На некои од нив, првите тестови им биле негативни, но вториот тест излегол позитивен на корона. Директорката на Клиниката за кожни болести е хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести поради тоа што е заболена од коронавирус. Откако беше потврдено дека има ковид-19, Клиниката се затвори, а вработените беа пратени на самоизолација. Шеснаесет дена по хоспитализирање на директорката на Клиниката за кожни болести ова се први пациенти од Кожна клиника кои биле во контакт со директорката.

Директорката на Клиниката за кожни болести била на скијање во Италија, а по враќањето не пријавила дека била на патување во ризичната земја. Во меѓувреме таа присустувала и на семинар за дерматологија на кој имало околу стотина колеги.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата