Градоначалникот на Бергамо: Сите 40.000 навивачи на „Сан Сиро“ се ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС

25.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Градоначалникот на Бергамо: Сите 40.000 навивачи на „Сан Сиро“ се ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС

Веста за „биолошка бомба“ која што го разнесе коронавирусот низ северна Италија, а најмногу во Ломбардија, лансирана од стадионот „Сан Сиро“, доби официјална потврда.

На крајот, виновен е фудбалот. Една третина од Бергамо беше на натпреварот во Аталанта - Валенсија во Лигата на шампионите на 19-ти февруари,  од каде се прошири коронавирусот кој почна да се шири со незапамтена брзина по целата покраина.

Дека теоријата е точна потврди и Џорџио Гори, градоначалникот на Бергамо во интервју за „Марка“.

„Во тоа време, не знаевме што се случува. Првиот пациент во Италија беше регистриран на 23 февруари. Вирусот веќе кружеше околу нас, а ние тоа не го знаевме и заразени беа сите 40.000 луѓе што беа на „Сан Сиро“. Многумина дојдоа во групи и имаше многу контакти таа ноќ. Вирусот се пренесува од личност до личност “, рече Гори.

Несреќа во среќа е дека  Аталанта таа ноќ играше феноменално и постигна четири гола. Колку прегратки имало, бакнежи во воодушевување, поздравувања, колку микроби летале од возвишено пеење и скандирање...

На крајот, сите се заразиле, 40.000 луѓе за време на два часа за време на натпреварот, потврди градоначалникот на Бергамо, град најтешко погоден во коронална пандемија во целиот регион Ломбардија.

Според извештајот од Италија во вторникот, заразени се 54.030, а 6.820 починале. Само за 24 часа, 643 луѓе ги загубија животите во земјата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата