Глоба од 500 евра за жител на Берово заради НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

25.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Глоба од 500 евра за жител на Берово заради НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

Основното јавно обвинителство Берово поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице кое го сторило кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од Јавното обвинителство.

Од таму додават дека на Судот му предложиле на обвинетиот да му изрече парична казна во висина од 50 дневни глоби, секоја во висина од по 10 евра во денарска противвредност.

Обвинетиот на 25.03.2020 година, во 00:35 часот во Берово, свесен за своето дало и сакајќи го неговото извршување, за време на епидемијата на опасната заразна болест Ковид-19 не постапил според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, а со кои се забранува движење на населението на територијата на Република Северна Македонија во временскиот период од 21:00 часот до 05:00 часот наредниот ден. Обвинетиот управувајќи патничко моторно возило го напуштил својот дом во Берово, се упатил по регионалниот пат Берово-Клепало во насока кон Беровоско Езеро, по што враќајќи се назад во насока кон градот Берово во 00:35 часот на местото викано Епрев Дол, атар на Берово, бил запрен при контрола  од патрола на МВР, велат од Јавното обвинителство.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата