Казни за четири лица кои во Арачиново се возеле со џип во текот на полицискиот час

25.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Казни за четири лица кои во Арачиново се возеле со џип во текот на полицискиот час

Четири лица во скопско Арачиново во 01:30 часот на 24 март биле затекнати како се движат по улиците со џип „гранд чироки“.

Со ова тие извршиле кривично дело – непостапување по здравствените прописи за време на епидемија.

На 23 март, уште едно лице не се придржувало до полицискиот час, односно ограничувањето на движењето од 21 до 5 часот.

Возач во 21:25 бил затекнат како управува автомобил „фолксваген пасат“ по пристапниот пат кон селото Сарај.

За секое од овие вкупно пет обвинети лица надлежните јавни обвинители му предложиле на судот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

 

 

 

 

 

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата