Арачиновци мислеле дека за нив не важи полицискиот час ПА СЕ РАЗВОЗУВАЛЕ СО ЏИПОТ

25.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арачиновци мислеле дека за нив не важи полицискиот час ПА СЕ РАЗВОЗУВАЛЕ СО ЏИПОТ

Против пет лица од Скопје, скопското Основното јавно обвинителство денеска поднесе предлог за издавање казнен налог заради сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, велат од Јавното обвинителство во Скопје.

Сите обвинети ја прекршиле Одлуката со која се забранува движењето на населението, при што еден од нив бил затекнат на 23 март во 21:25 часот како управува со патничко моторно возило „фолксваген пасат“ по пристапниот пат кон село Сарај, скопско. Останатите четворица, пак, во 01:30 часот на 24 март се движеле со патничко моторно возило „гранд чироки“ во село Арачиново, информираат од скопското Обвинителство.

За секое од петте обвинети лица надлежните јавни обвинители му предложија на Судот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противредност.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата