ДЕТАЛИ ЗА ПОЖАРОТ ВО ТВ ВИС: Го гаснеле 6 часа, повредени тројца пожарникари

25.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДЕТАЛИ ЗА ПОЖАРОТ ВО ТВ ВИС: Го гаснеле 6 часа, повредени тројца пожарникари

Синоќа околу 2 часот во пожар изгореа просториите на Регионалната телевизија „ВИС“ во Струмица, а зафатени се и простории на еден текстилен погон и Социјалниот повеќенаменски центар на општина Струмица.

Во пожарот полесно се повредени и тројца пожарникари, кои учествувале во гаснењето на пожарот.

Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев во гаснењето учествувале скоро сите пожарникари со сета расположива техника и по повеќе од 6 часови пожарот е ставен под контрола.

-Запрено е ширењето и сега наши екипи го контролираат местото на пожарот, рече Гудев.

Информираше дека двајца од повредените пожарникари се на лекување во струмичката болница, а еден се здобил со полесна повреда на ногата.

На официјалната страница на ТВ „ВИС“ информираат дека телевизијата нема да ги остави гледачите без содржини и дека екипите ќе работат и понатаму на терен. Ќе ги информираат граѓаните за се што се случува во регионот преку официјалната веб страница, фејсбук страницата, а вестите ќе се емитуваат на официјалниот „јутјуб“ канал.

Извор: Курир

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата